„Марка“ откри зошто Модриќ остана во Реал и ги одби арапските милиони


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот капитен Лука Модриќ потпиша нов договор со Реал Мадрид до јуни 2024 година, откако претходно одби понуда од 200 милиони евра годишно за да се пресели во Саудиска Арабија.

Шпанскиот медиум „Марка“ објави неколку причини поради кои Модриќ решил да остане на „Сантијаго Бернабеу“.

„Модриќ им е како татко на младите. Ќе дојдат важни натпревари на кои Лука ќе има што да покаже. Модриќ покажа дека е професионалец за разлика од некои други. Неговиот квалитет е препознатлив кај сите“, пишува медиумот.