Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот репрезентативец на Италија прв пат искрено зборуваше за она што се случи во финалето на Мундијалот во 2006 година.
Зинедин Зидан ја заврши кариерата кога во финалето со глава го удри Марко Матераци, бидејќи Италијанецот му кажал нешто навредливо. Многу се шпекулираше поради што Зидан реагирал на тој начин, а се покажа дека не беа во право они кои тврдеа дека се работи за семејството на Зидан.
“Навистина, му кажав некои непримерни работи, но останувам на тоа дека реагираше претерано. Не знам поради што целата работа е толку напумпана, сите зборуваат за тоа, а не за моите два гола во финалето”- изјави поранешниот дефанзивец на Интер.
Матераци постигна гол во регуларниот дел, а потоа беше прецизен и во пенал рулетот.
“Не ја спомнав мајката на Зидан, јас останав без мајка на 15 години. Во прашање беше сестрата. На крајот понекогаш помислувам каква ќе беше реакцијата на на јавноста јас него да го удрев”.