Матијс Де Лихт откри што му порачал Роналдо по вчерашната средба: Ме покани…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По вчерашната средба од финалето во Лигата на нациите помеѓу Португалија и Холандија, камерите ги уловија Кристијано Роналдо и Матијс Де Лихт во краток разговор.

19 годишниот холандски фудбалер се насмеа на зборовите на еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт, а не многу потоа истакна што му порачал Кристијано Роналдо.

– Најпрво не го разбрав. Ме покани да се преселам во Јувентус. Бев шокиран со тоа прашање, токму затоа се насмевнав и не му одговорив ништо, -истакна Де Лихт.

Младиот централен дефанзивец е еден од најбараните фудбалери за овој летен преоден рок, а за него интерес има од Барселона, ПСЖ, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.