Мбапе е разочаран и сака да замине од ПСЖ: Дали ова е шанса за Реал Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ повторно испадна од трката за трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ), откако во осминафиналето беше елиминиран од Баерн Минхен со порази во двата натпревари (0-3).

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе не е среќен поради елиминацијата на неговиот тим, па со изјава по мечот кажа дека постои можност да замине од Париз.

„Многу сме разочарани. Мора да се посветиме на другите предизвици. Немаме избор, мораме да се вратиме на дуелите од Лига 1. Не знам што би кажал на темата за моето останување. Сакам да зборувам само за оваа сезона, ништо друго не ме интересира. Да видиме како ќе заврши, па потоа ќе зборуваме за мојата иднина“, кажа Мбапе.

Ова е шанса за Реал Мадрид, кој веќе неколку пати се обиде да го купи Мбапе, но не успеа во своите намери.