Медведев за публиката на Австралија опен: Најверојатно имаат ниско ниво на интелигенција…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рускиот тенисер Данил Медведев преку домашниот тенисер Ник Кирјос се пласираше во третото коло на Австралијан опен, откако славеше со 3-1 во сетови.

Медведев по натпреварот кажа дека не му се допаѓало однесувањето на навивачите на трибините, кои го исвиркуваа Русинот.

„Се очекува такво нешто кога играте против фаворит на публиката, каков што е Кирјос. Меѓутоа, имаше моменти кога навивачите меѓу поени ме исвиркуваа за да правам грешки и тоа ме разочара. Тие кои го правеа тоа најверојатно имаат ниско ниво на интелигенција“, кажа Медведев.

Медведев со триумф на турнирот и освојување на трофејот би можел да се искачи на првото место на АТП-листата.