Мејведер и Мекгрегор договараат две борби вредни 1,5 милијарди евра!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Љубителите на боксот и ММА спортовите сигурно ќе бидат заинтересирани за нова пресметка меѓу Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор, кои почнале преговори за нови средби меѓу нив двајца.

Мекгрегор и Мејведер наводно почнале преговори за нови две битки кои ќе донесат заработка од неверојатни 1,5 милијарди евра.

Меѓу тимовите на двата борци наводно се договарале условите споре дкои ќе се борат, па така се очекува едната битка да биде според правилата на УФЦ, а другата според правила во боксот.

Исто така, домаќин на една борба треба да биде Абу Даби, додека другата пресметка ќе биде закажана во Саудиска Арабија.

Овие двајца борци досега се тепаа само еднаш, а тогаш славеше легендарниот боксер со технички нокаут.