Мекгрегор ќе се бори против Хабиб, но само под еден услов!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


АЛи Абделазиз, менаџерот на непоразениот шампион во лесна категорија во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, овие денови ја прифати улогата на портпарол.

Абделазиз кажа дека Хабиб не размислува за пензија, па сака да се бори против Џастин Гатје на крајот на годинава.

Од друга страна, цел свет сака реванш меѓу Хабиб и Нурмагомедов, а Абделазиз тврди дека тоа е возможно, иако не се заинтересирани за такво нешто во моментов.

„Ние го водиме главниот збор и договараме борби. Конор е сега резерва. Нека проба да ги спушти килограмите до следната категорија и нека заработи борба со нас. На Конор во моментов му е најдобро да се бори против Диаз… Сепак, не ја исклучуваме можност за борба, но претходно Мекгрегор мора да се бори со Ислам Макачев“, објасни Абделазиз.