Мекинро: Постои теорија дека Надал користи допинг…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатиот тениски експерт Џон Мекинро зборуваше за Рафаел Надал и неговата повреда на стапалото.

Мекинро вели дека Надал сигурно не користи допинг, иако имаше такви шпекулации во медиумите по освојувањето на Ролан Гарос.

„Надал продолжува со победи, не знам како го прави тоа, но вели дека зема инјекции против болки. Јас не сум доктор и не знам што користи. Постои теорија дека користи допинг, но не верувам во тоа“, вели Мекинро.

Мекинро, исто така, повтори дека Надал е еден од најдобрите во историјата, а тоа го докажал на турнирите, иако се жали дека игра со големи болки во стапалото.