Менаџер на Џордан откри: Одби 100 милиони долари за два часа!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Најдобриот кошаркар во историјата, Мајкл Џордан има богатство од 2,1 милијарди долари, па не му е проблем да одби неверојатни понуди кои секојдневно му пристигнуваат од сите делови на светот.

Неговиот менаџер Давид Фалк откри неверојатна приказна за бизнисите кои Џордан ги одбил. Тој одбил дури 100 милиони долари за два часа.

„Одби да се појави на турнир во голф во текот на претсезоната во Азија. Некоја жена даде понуда од седум милиони долари да одигра турнир тој ден. Пред три години му нудв договор од 100 милиони долари. Требаше да се појави два часа во програма за да ја потврди соработката. И тоа го одби…“, открива Фалк.