Менаџерот на Де Јонг: Кавга со Деко? Нема такво нешто!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми вчера пишуваа дека се случила кавга меѓу спортскиот директор на Барселона, Деко и фудбалерот од средниот ред Френки Де Јонг, но тоа го демантираше менаџерот на играчот.

Али Дурсун тврди дека станува збор за обична комуникација меѓу двете страни без да премине во караница.

„Немаше викање на телефон, незгодни прашања или нешто слично. Цела работа е лошо пренесена во јавност. Односот со Деко е професионален и така ќе остане“, кажа Дурсун.

Де Јонг го пропушти натпреварот против Антверпен поради болест.