Мендеш може да ја „закопа“ Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најмоќниот фудбалски менаџдер Жорж Мендеш под контрола има голем дел од фудбалерите на Барселона, а токму тоа го загрижува раководството на каталонскиот гигант.

Мендеш во изминатите две децении реализираше големи трансфери, а сега планира да ја „распарчи“ Барселона ако не му ги исполнат барањата.

Познатиот менаџер е главен и на Ламине Јамал, Алехандро Балде, Нико Конзалес, Инаки Пена, Абде Езалзули и Анхел Аларкон.

Ова ја загрижува Барселона која знае дека Мендеш има „солени“ барања, па доколку се реши на таков потег во финансиската криза во која се наоѓа каталонската екипа, тогаш ќе следи тежок удар за Жоан Лапорта и неговата управа.