Меркел не дозволи старт на Бундеслигата на 15 мај, познат е новиот датум за рестарт на лигата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера беше објавено дека Бундеслигата ќе се врати на теренот на 15 мај, но одлуката беше променета и повторно во центар на внимание е германската канцеларка Ангела Меркел.

Меркел денеска не даде „зелено светло“ за продолжување на Бундеслигата на 15 мај. Таа им порачала на клубовите да одат во двенеделен карантин. Тоа значи дека фудбалерите на теренот ќе се најдат на терен најверојатно на 22 мај, односно седум дена подоцна отколку што беше најавено.

Германската фудбалска лига долго време бара дозвола за рестарт на шампионатот затоа што е од голема важност за државата.

Доколку последните девет кола во Бундеслигата бидат одиграни, германските клубови од ТВ-правата ќе добијат нови 300 милиони евра и така ќе ги намалат драстично своите загуби.