Меси ги претрка Ван Дијк и Роналдо и ја доби наградата „The Best“

Аргентинскиот фудбалер од редовите на Барселона, Лионел Меси ја доби наградата за најдобар играч на светот за 2019 година во изборот на ФИФА.

Аргентинецот зад себе ги остави Кристијано Роналдо и Вирџил Ван Дијк и може да се каже дека сосема заслужено ја освои оваа награда.

Меси и минатата сезона беше ударна игла на Барселона. Фудбалерот кој ќе остане запишан во историските фудбалски книги ланската сезона постигна 51 погодоци и запиша 22 асистенции во сите конкуренции.

Инаку, Кристијано Роналдо не беше присутен на вечерашната церемонија.