Меси го блокирал трансферот на Суарез во Јувентус?!

Според најновите информации на каталонските медиуми, Лионел Меси се предомислил за неговото напуштање на Барселона, но веднаш ги земал работите во свои раце и решил да го блокира трансферот на Луис Суарез во Јувентус.,

Роналд Куман по претставувањето во Барселона зборуваше со Суарез и му кажа дека тој нема да има место во неговиот тим.

Јувентус сакаше да ја искористи ситуацијата и да го ангажира Суарез, но „Кориере дело Спорт“ пишуива дека Меси го блокирал трансферот.

Познато е дека Меси и Суарез се големи пријатели уште од 2014 година, кога станаа соиграчи, па често заедно летоваат со семејствата на јахти во текот на летото, а такво нешто се случи и годинава по завршувањето на сезоната во Ла лига.