„Меси си има големи проблеми со психата, а не со фудбалот!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона вечерва на домашен терен играат против Јувентус во последниот меч од групната фаза на Лигата на шампиони.

Овие две екипи одамна го обезбедија нивниот пласман во нокаут-фазата, а вечерва повторно дуелот ќе биде во центар на внимание поради Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Роналдо е во многу добра форма, но за Меси тоа и не може баш да се каже. Аргентинецот игра ужасно и јасно е дека не му оди сè по планот.

За тоа на прес-конференцијата зборуваше и Андреа Пирло, кој кажа дека Меси има други проблеми.

„Меси се наоѓа во посебен момент во животот, не само кариерата, поради проблемите кои ги имаше минатото лето. Го мачи тоа дали ќе остане во Барселона или не. Тој покажа и сезонава дека вреди, но мислам дека има психички проблеми, а не фудбалски“, кажа Пирло.