Ми доаѓа да го соблечам оделото и да влезам на терен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Украина е едно од најнепријатните изненадувања на овогодинешното Европско првенство.

После очекуваниот пораз од Германија, за кој на фудбалерите неможе ништо да им се замери следуваше ладен туш.

Пораз од Северна Ирска 2:0, на тоа се надврза и ремито помеѓу Германија и Полска, па така Украина го заврши својот настап на Европското првенство.

Поранешниот голгетер на Милан, Андреј Шевчеко, кој во овој момент работи како помошник на селекторот за поразот од Ирска ги обвини фудбалерите.

“Кога ќе видам како одредени фудбалери се однесуваат во дресот на Украина ми доаѓа да го соблечам оделото и да им покажам како се игра и бори за репрезентацијата”– изјави Шевченко.