“Ми се закануваат со колење поради коментар на Фејсбук“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Сандро Антиќ, еден од луѓето чие име се споменува во врска со прекинот на натпреварот Хрватска и Чешка на ЕП во Франција.

Антиќ за Index.hr даде коментар за ситуацијата. Тврди дека се шегувал и дека воопшто не бил во Франција, и дека тоа му е направен тотален хаос во животот.

„Ми ја уништија работата, односот со пријателите, ми направија тотален хаос во животот. И тоа е се бидејќи на Фејсбук во коментари се шегував околу баклите.

Некоја девојка на сите медиуми го испраќаше моето име, го видоа статусот навивачи на Динамо каде што сум коментирал и заклучија дека сум фрлал бакли. Тоа е неверојатно, никој од нас не беше во Франција, а порталите се полни  со наши имиња со фотографија со заокружени фаци на некои други луѓе од трибините.

Без никакви докази го објавуваат моето име, поставуваат мои слики, па денес ми се закануваат и со колење на мене и мојата фамилија“, рече Антиќ за Index.

Француската полиција денеска објави како голем број на навивачи на Ватрените се идентификувани и и веројатно добар број од нив ќе бидат депортирани од оваа држава.