Михајловиќ ги изненади фановите: Имам леукемија, но ќе се борам до крај!

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ откри дека боледува од леукемија, па мора да ја прекине тренерската кариера затоа што болеста брзо напредува.

Србинот реши да замине од клупата на Болоња и барем засега да паузира од фудбалот, а денеска ги потврди и причините за тоа.

„Барав да се обратам до јавноста и фудбалерите. Сакав да го дознаат тоа од мене, но приватноста одредени луѓе не ја испочитуваа и го уништија долгогодишното пријателство. За жал, или можеби за среќа, имав неколку тестови, кои покажаа одредени аномајлии, кои не ги имав пред четири месеци. Мислев дека е грозница,но тестовите покажаа дека станува збор за леукемија. Убеден сум дека ќе ја добијам оваа битка“, вели Михајловиќ.