Михајловиќ ја напушти болницата, откако заврши со вториот циклус на лекување на леукемијата!


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ беше пуштен од болница, откако го завршил успешно вториот циклус на лекување на леукемијата.

Михајловиќ го завршил вториот циклус од терапијата во болницата „Сент Орсол“ и наскоро го очекува трет циклус на лекување на опасната болест.

Болницата ја напуштил заедно со неговата сопруга Аријана, со која заминал за Рим, кадешто планира да одмори неколку дена, по што ќе се врати во Болоња за да одржи тренинг со неговите фудбалери.

Сепак, српскиот стратег нема да може да присуствува на мечот против Јувентус во Торино на 19 октомври, зашто ќе се врати во болница за третиот циклус на терапијата.