Михајловски ги собра Вардарци на вечера (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар има големи амбиции и за следната сезона, а ракометарите го имаа првиот неофицијален собира со првиот човек на клубот, Михајло Михајловски пред стартот на новите предизвици.

Михајловски им посака успешен старт на ракометарите на Вардар и притоа ги потсети што очекува од нив, а тоа е пласман меѓу најдобрите осум екипи во Лигата на шампиони, како и Ф4 во СЕХА-лигата.

„Црвено-црните“ првиот меч во Лигата на шампиони го играат на 16 септември на гости кај Мешков Брест.

Да потсетиме, Вардар го напуштија многу ракометари поради финансиски проблеми, но откако клубот го презема Михајловски, беа ангажирани квалитетни засилувања од кои се очекуваат добри резултати следната сезона.