Милан доби 70 милиони евра: Тонали потпиша за Њукасл


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали го напушти Милан и се пресели во Њукасл, со што стана најскап Италијанец во историјата.

Милан за трансферот на Тонали доби 70 милиони евра плус бонуси, а „росонерите“ ќе добијат и 10 отсто од сумата за која ќе биде продаден Италијанецот во иднина.

Ова е петти најскап трансфер од Апенините, откако претходно беа продадени Лукаку, Погба, Игуаин и Зидан.

Њукасл воедно постави клупски рекорд затоа што Тонали е нивно најскапо засилување во историјата.