Милан се ослободува од играчот кој го плати 19.000.000 евра!?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Еквадорскиот лев бек Перес Еступињан никако не може да се најде во Милан, формацијата со тројца позади која ја форсира тренерот Макс Алегри не му одговара и изгледа дека неговиот краток престој на “Сан Сиро” ќе заврши ова лето.

Италијанскиот инсајдер Николо Шира тврдi дека Милан веќе започнал акција за ослободување од играчот кој минатата година на Брајтон му плати 19.000.000 евра.

Отворени се разговори со неговиот агент, познатиот Жорж Мендеш, за да се пронајде решение пред почетокот на трансфер периодот.

Интерес за него има, како од Серија А, така и од странство, но клучниот проблем би можел да биде парите, бидејќи Милан тешко ќе ја добие сумата што ја вложи во доведувањето на Еквадорецот кој има 28 години.

Еступињан пред Брајтон играше за Виљареал, а ова лето ќе го гледаме на Светското првенство во дресот на Еквадор.