Милер останува во Марк ВДС Хонда


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Победникот на ГН на Холандија, Џек Милер ќе остане во Естреља Галисија Марк ВДС Хонда и следната сезона.

Младиот Австралиец се пресели во кралската класа директно од МОТО3 минатата година и потпиша 3-годишен договор со Хонда.

Во текот на дебитантската сезона беше во ЛЦР Хонда, а оваа сезона се пресели во Марк ВДС Хонда.

Милер беше 20-ти во генералниот пласман и имаше големи проблеми со повреди и формата пред десетина дена пред трката во Асен каде стигна го првата победа во кралската класа. Сега стигна потврда дека заслужи договор за следната сезона.

Австралиецот моментално вози заедно со Естеве Рабат, а се очекува и Шпанецот да го продолжи договорот.