Милер по ПСЖ: Ако играме вака во реваншот, тогаш ќе се пласираме во полуфинале!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен синоќа го надигра ПСЖ и испрати 31 удар кон голот на противникот, но на крајот лошата реализација скапо ги чинеше.

Доколку Ханси Флик го имаше на располагање Роберт Левандовски, тогаш резултатот сигурно ќе беше поразличен.

„Ако бевме подобри во нападот, тогаш поинаку ќе се зборуваше по мечот. Ако играме вака во реваншот, ќе имаме големи шанси во Париз и ќе ги искористиме за пласман во полуфинале. По ваков меч, мислите ни се насочени на квалитетен реванш и пласамн понатаму. Противникот постигна три гола од неколку шанси, но начинот на кој игравме ние е импресивен“, вели Томас Милер.