Милер си заминува од Минхен и се сели во Премиерлигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен нема да му го продолжи договорот на искусниот напаѓач Томас Милер, кој среќата ќе си ја бара во Премиерлигата.

Милер има договор до јуни 2024 година, но најави дека ќе игра уште една сезона. Меѓутоа, очигледно нема да го носи дресот на баварскиот тим пред да се пензионира.

Германски „Билд“ објави дека постои огромна можност Милер да потпише за англискиот гигант Манчестер јунајтед.

Милер игра за Баерн од 2008 година и досега настапи на 680 натпревари и постигна 237 гола.