Милевски: Ја добивме најтешката група на ждрепката

Македонскиот селектор Благоја Милевски кажа дека на ждрепката ни се паднала најтешката група за квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Македонија ќе биде во групата Ц заедно со Англија, Италија, Украина и Малта.

„Фудбалски предизвик за сите нас. Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме. Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата. Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе”, кажа Милевски.