Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва одигра 1:1 против Италија на домашен терен во четвртото коло од квалификациите за Европското првенство.
Селекторот Благоја Милевски беше задоволен од настапот на неговите избраници, како и од ремито против Италија.
„Морам да бидам задоволен од она што денес го покажаа момците, имаа желба да го потврдат својот квалитет кој никогаш не беше доведен во прашање. Жал ми е што одигравме нешто послабо во првото полувреме, во второто полувреме прикажавме игра токму онаква каква што замисливме. Критиката е секогаш добредојдена ако е со добра намера, јас позитивно гледам на сите критики. На мене и на сите нас е да бидеме подобри во секој следен натпревар. Задоволен сум од момците кои беа првпат со нас собир, се што се бараше од нив го пренесоа на најдобар начин. Станува збор за одлични играчи, а нивниот квалитет секако е добредојден во репрезентацијата. Не чувствувам никаков притисок, јас сум професионалец, работам посветено и секогаш ќе биде така. Некогаш е добро да имате притисок, значи дека вредите. Кога очекувате од некого добар резултат, значи сметате дека тој тоа може да го направи“, кажа Милевски.