Милион долари за забивање преку Јао Минг (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Винс Картер на Олимпијадата во Сиднеј во 2000 година го направи веројатно најдоброто забивање на сите времиња.

Тој го прескокна високиот 218 сантиметри Фредерик Вајс на дуелот меѓу репрезентациите на САД и Франција и ги крена апсолутно сите на нозе.

Сепак, сите во репрезентацијата на САД имале една цел. Да забијат преку легендарниот 229 сантиметри висок Јао Минг.

Сè призна Кевин Гарнет.

“Имавме обложување во екипата. Првиот што ќе забие преку Јао Минг би добил 1 милион американски долари. Сите се обидовме, но никој не успеа, или ќе нè блокира или обидот ќе биде неуспешен”, откри Гарнет и потоа го опиша славното забивање над Вајс.

“Кога видов што направи тој, викнав: Ми зеде еден милион. Сепак, брзо сфатив дека не е Јао, го турнав Винс и ако го погледнеш клипот, за малку не ме удри по глава”, истакна Гарнет.