Минесота даде пола тим и пикови во замена за Гобер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Почнаа трансферите и во НБА-лигата, а една голема размена се случи вчера, кога Руди Гобер потпиша за Минесота Тимбервулвс.

Новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски објави дека Гобер ја напушта екипата и се сели во Минесота, а во спротивен правец заминаа Малик Бизли, Патрик Беверли, Вокер Кеслер, Џаред Вандербилт и Леандро Болмаро, како и неколку пикови за драфтот.

Познато е дека Гобер е важен играч во рекетот, а посебно во одбраната, па така во минатата сезона во НБА-лигата во просек постигнуваше по 15,6 поени, 14,7 скокови и 1,1 асистенција.