Миовски даде два гола за триумф над Мадервил (Видео)

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски продолжи да игра во врвна форма во дресот на Абердин, па денеска повторно се запиша во листата на стрелци на мечот со Мадервил (4-1).

Миовски постигна два гола против Мадервил во период од 64. до 69. минута, а ова му беше петти меч сезонава како дава два погодоци.

Македонецот се наоѓа на третата позиција на листата со стрелци со 14 голови, а пред него се Шанкланд со 17 и Фурухаши со 18 погодоци.