Митревски во група со ПСЖ, Магдебург и Веспрем во ЛШ

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски заедно со Порто ги дозна противниците во следната сезона од ракометната Лига на шампиони (ЛШ).

Во ЛШ ќе има 16 екипи, кои се поделени во две групи по осум тимови, а Митревски и Порто ќе играат во групата А заедно со ПСЖ, Магдебург, Веспрем, Висла Плок, ГОГ и ППД Загреб.

Во групата Б се наоѓаат Барселона, Пик Сегед, Целје, Кјелце, Кил, Нант, Елверум и Алборг.

Првите натпревари од новата сезона во групната фаза се играат на 15 и 16 септември.