Млада ѕвезда одбила да потпише договор со својот тим поради Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид мисли на својата иднина, па затоа следното лето ќе тргне по потписот на Џуд Белингам од Борусија Дортмунд, како што веќе се шпекулира неколку денови во медиумите.

Белингам е на листата со желби на Реал, а исто така англискиот репрезентативец одбил да потпише нов договор со германскиот бундеслигаш поради интересот од Мадрид.

„Марка“ објави дека раководството на шпанскиот гигант побарало од Белингам да не потпише нов договор со „милионерите“.

Овој 19-годишен фудбалер има договор со Дортмунд до 2025 година, а според шпекулациите на медиумите негов трансфер во Мадрид со бонуси ќе чини околу 137 милиони евра.