Модриќ бил на важна вечера – ќе ги спакува куферите и си оди од Реал Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Модриќ полека го губи статусот во Реал Мадрид и не е во прв план кај тренерот Карло Анчелоти, а тоа може да значи и негово заминување наскоро.

Легендарниот Предраг Мијатовиќ открива дека Модриќ веќе имал вечера со првиот човек на Интер Мајами, Дејвид Бекам.

Модриќ игра малку кај Анчелоти, а тоа незадоволство кај Хрватот ќе се обидат да го искористат и други тимови, меѓу кои Интер Мајами каде што игра Лионел Меси.

„Модриќ во МЛС? Да, доби голем број понуди. Го бараа неколку тимови, а еден беше конкретен. Меси лично бараше да се пресели во Интер Мајами, а такво нешто може да се случи и со Модриќ“, кажа Мијатовиќ.