Модриќ доби понуда каква што не се одбива


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ побарал да си замине од Реал Мадрид, иако се преговараше за нов договор, затоа што добил неверојатна понуда од Саудиска Арабија.

Модриќ добил понуда од 120 милиони евра за тригодишна соработка, а тоа најверојатно значи дека ќе ја заврши кариерата воС. Арабија.

Хрватот треба да го одигра последниот меч во дресот на Реал Мадрид оваа недела, а негова замена во шпанскиот гигант ќе биде Џуд Белингам кој доаѓа од Борусија Дортмунд.

Богата понуда од С. Арабија претходно стигна и за Карим Бензема, кој сериозно размислува да ја прифати.