Модриќ добива наследник во Мадрид: Реал троши 140 милиони евра за засилување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лука Модриќ веќе со години игра одлично за Реал Мадрид со кој освои сè што можеше, но шпанскиот гигант активно бара негова замена и веќе паднал изборот на Џуд Белингам од Борусија Дортмунд.

Младиот Англичанец игра добро во германскиот гигант и веќе неколку екипи покажаа интерес за неговите услуги, но Реал Мадрид наводно е фаворит за неговиот потпис.

„Кралевите“ подготвиле дури 140 милиони евра за фудбалерот кој во јуни ќе наполни 20 години и Дортмунд нема да може да го задржи во екипата.

Претседателот Флорентино Перез активно работи да го подмлади составот, па веќе ангажираше фудбалери како Валверде, Чуамени, Родриго, Винисиус и планира да донесе уште неколку играчи.