Модриќ е вознемирен – испратил јасна закана до Реал Мадрид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ не е најсреќен во Реал Мадрид поради тоа што мора да се бори за неговата минутажа, откако екипата ангажира неколку млади фудбалери.

Каталонски „Спорт“ пишува дека Модриќ му се заканил на Реал Мадрид дека ќе замине во јануари, а причина за тоа е малата минутажа.

„Лука бараше да го продолжи договорот според неговите заслуги, а не како награда за неговата долга кариера. Анчелоти го убедувал дека ќе ја задржи својата улога, но Хрватот не е уверен во неговите тврдења. Оваа ситуација го вознемири Модриќ, кој се заканил дека ќе замине од Мадрид во јануари, иако Анчелоти го тврди спротивното“, пишува каталонскиот медиум.

Белингам, Влаверде, Чуамени и Камавинга се фудбалери со кои Модриќ се бори за минутажа во моментов во тимот.