Модриќ го урна Роналдо на вечната листа во Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватскиот репрезенативец Лука Модриќ пред 10 години пристигна во Реал Мадрид, а вчера заигра на дуелот против Алмерија (2-1) и така го урна Кристијано Роналдо.

Модриќ стигна до неговиот 436. меч за Реал Мадрид, па така се искачи на 17. место на вечната листа со најмногу настапи за тимот и го надмина Роналдо.

На Роналдо за 435 настапи за Реал му требаше една година помалку отколку на Модриќ, но Португалецот си замина од Мадрид пред четири години.

Модриќ сега го брка Емилио Бутрагуено, уште една легенда на Реал, кој одигра 450 натпревари, односно 14 повеќе од Модриќ.

Од актуелните фудбалери на Реал само Карим Бензема има повеќе настапи од Модриќ, односно 605, додека Раул е рекордер со 737 настапи.