Модриќ и Анчелоти прославија јубилеи со триумфот против Барселона (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид направи чекор напред кон титулата, откако во „Ел Класико“ славеше против вечниот ривал Барселона со 2-1.

Каталонската екипа имаше водство од 1-0 од шестата минута со голот на Илкај Гундоган, но потоа на сцена настапи Џуд Белингам кој со два прекрасни погодоци обезбеди три бода за „кралевите“.

Натпреварот имаше посебна важност и за Лука Модриќ кој го одигра 500. меч во дресот на „кралевите“, додека Анчелоти по 250. пат го предводеше тимот од Мадрид како тренер.