Модриќ ќе мора да направи отстапка поради Мбапе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе наскоро планира да почне преговори со Реал Мадрид, но ќе се пресели во шпанскиот гигант дури следното лето, објави „Ел Насионал“.

Мбапе наводно не сакал повеќе да го носи дресот со број 7, туку сака да го носи бројот 10 кој му припаѓа на Лука Модриќ.

Тоа значи дека Модриќ ќе треба да му го отстапи дресот на Мбапе, доколку планира да остане и понатаму во гигантот од Мадрид.

Спонзорите на „кралскиот клуб“, исто така, се среќни ако Мбапе го облече дресот со број 10, но останува да видиме што ќе се случи со иднината на Французинот.