Модриќ на тешко искушение – доби три примамливи понуди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Главна тема во Шпанија е иднината на Лука Модриќ, кој наводно добил три примамливи понуди и наскоро треба да донесе конечна одлука.

Плановите на Реал Мадрид се јасни, односно му дава предност на Модриќ кој ќе мора да прифати помала минутажа ако сака да остане во шпанскиот гигант.

Хрватот станал привлечен и за неколку други тимови, меѓу кои се Реал Сосиедад и Бетис, кои во последните години играат во европските купови.

„Дефенса Сентрал“ објави дека сите понуди се прифатливи за Модриќ, но Хрватот си остава простор и време да размисли пред да го каже последниот збор.