Модриќ направил грешен потег, па Анчелоти му држел лекции во соблекувалната


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ веќе 12 години е во Реал Мадрид, но најверојатно на крајот на сезоната ќе си замине од шпанскиот гигант.

Шпанските медиуми пишуваат дека Модриќ направил голема грешка и се жалел поради малата минутажа, а тоа не му се допаднало на тренерот Карло Анчелоти.

Анчелоти повеќе им верува на младите фудбалери кои треба да бидат иднина на клубот, додека ветеранот ја губи својата позиција и моќ во тимот.

Освојувачот на „Златната топка“ не излегол ниту на загревање против Алмерија и Лас Палмас, а тоа го налутило Анчелоти кој му држел лекции на Хрватот во соблекувалната, пишуваат медиумите од Шпанија.