Модриќ одби 40 милиони евра за да остане во Реал Мадрид

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ има уште помалку од два месеци од договорот со Реал Мадрид, но речиси сигурно ќе остане во шпанскиот гигант и следната сезона.

Шпанските медиуми пишуваат дека Хрватот наскоро ќе потпише едногодишен договор, откако претходно одбил понуда вредна 40 милиони евра по сезона од Саудиска Арабија.

Модриќ има 38 години и сака да игра уште една сезона во „кралскиот дрес“, по што најверојатно ќе замине во пензија.

Хрватот за „кралевите“ постигна 37 гола и 77 асистенции на 480 настапи, а освои титули во Ла Лига, Лига на шампиони и „Златната топка“.