Модриќ, сепак, ќе замине летово од Реал Мадрид!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека се променила ситуацијата за договорот на Лука Модриќ, кој најверојатно ќе замине од Реал Мадрид на крајот на сезоната.

Хрватот наскоро ќе наполни 38 години, а има договор со „кралвите“ до јуни, а засега не се водат преговори за нова соработка, иако навивачите сакаа Модриќ да ја заврши кариерата во шпанскиот клуб.

Претседателот Флорентино Перез планира голем ремонт следното лето, па токму поради тоа Хрватот може да биде „жртва“.

Перез сакал да му нареди на тренерот да ја гради иднината околу Камавинга, Чуамени и Валверде, иако се очекуваат и нови засилувања во средниот ред, како што е Џуд Белингам од Борусија Дортмунд.