Модриќ во следните 24 часа ќе го напушти Реал Мадрид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ во последните денови од преодниот рок би можел да замине од Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се споменува Саудиска Арабија.

Шпански „АС“ објави дека Модриќ оваа сезона бил замена на 17 натпревари на „кралевите“ и поради тоа не е среќен.

Модриќ минатото лето доби понуда од 300 милиони евра за три години, но Хрватот ги одби за да остане во Мадрид, меѓутоа сега ситуацијата се промени.

„АС“ пишува дека во следните 24 часа ќе пристигне понуда до Мадрид за потписот на Модриќ, кој треба да донесе конечна одлука.