Мончи бесен по мечот Реал – Севилја: Сакав да ја изнесам екипата надвор од теренот!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше со 2-1 против Севилја во Ла Лига, но ВАР-технологијата одигра важна улога во победата на домаќините.

Двата гола на Касемиро за Реал му донесоа враќање на врвот на табелата,но во Севилја се лути поради судиската одлука, а посебно при поништениот гол во 31. минута откако ВАР забележа како еден играч на Севилја прави прекршок во напад.

„Тоа е акција која ја виде цел свет. Такви потези се случуваат во игра. Мислам дека тоа беше важен момент и дека таа одлука го промени текот на натпреварот. Апсурдно е да се оценува и анализира мечот од тој момент. Да беше поништен и голот за 1-1, тогаш ќе го напуштевме мечот“, порача спортскиот директор Мончи.