Морант допрва ќе го боли глава – ќе загуби околу 50 милиони долари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


НБА-лигата го казни Џа Морант со суспензија од 25 натпревари, а тоа значи дека ќе загуби 7,6 милиони долари од договорот за следната сезона.

Виндхорст пресмета дека финансиската загуба на Морант ќе биде многу поголема, односно кошаркарот ќе загуби околу 50 милиони долари.

„Мојата проценка е дека ќе загуби околу 50 милиони долари. Нема да добие плата за 25 натпревари кои нема да ги игра, не доби плата ниту за осумте натпревари што ги пропушти оваа сезона, а не се сомневам дека ќе беше член и на идеалната петорка доколку не го предизвикаше првиот инцидент. Тоа го остави без бонуси од 40 милиони долари“, кажа Виндхорст.