Морант има едно од најдобрите забивања во историјата на НБА-лигата (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Освен тоа што во последните секунди постигна кош за победа на Мемфис против Минесота, Џа Морант ќе остане запаметен по неговото забивање на крајот на третата четвртина.

Морант тргна кон противничкиот кош и преку ривалот успеа да постигне важни поени за неговата екипа.

Талентираниот кошаркар беше јунак на Мемфис, кој сега води со 3-2 во серијата, затоа што покрај забивањето имаше вкупно 30 постигнати поени, 11 скокови и девет асистенции.