Мората го пофали Влаховиќ: Фантастичен е, донесе само добри работи за тимот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, Алваро Мората кажа дека Душан Влаховиќ влијаел на неговата позиција во тимот, но и дека се надева на нов гол на Србинот.

Во текот на зимскиот преоден рок се шпекулираше дека Шпанецот ќе се пресели во Барселона, но „Старата дама“ не дозволи таков трансфер.

„Не е важно колку бев блиску до трансфер. Разговарав со тренерот Алегри, а тој ми кажа какви идеи има. Ми објасни колку ќе биде важно доаѓањето на Душан за мене, а така и беше на крајот“, кажа Мората.

На прашањето на кој начин влијаел Влаховиќ на него, шпанскиот фудбалер даде краток одговор.

„Тој е фантастичен играч. Ни донесе само позитивни работи. Млад е и ќе има одлична кариера“, вели Шпанецот.