Му „пукна филмот“: Клоп го бркаше противничкиот тренер во тунелот! 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ливерпул загуби од Барнли на домашен терен со 0-1 и така направи чекор назад во намерата да ја одбрани титулата во Англија.

„Црвените“ беа изненадени непријатно од Барнли, а им пресуди голот од пенал на Ешли Барнс.

На крајот на првото полувреме се случи инцидент меѓу двајцата тренери, Јирген Клоп и Шон Дајх.

На патот кон тунелот тренерот на Барнли нешто му кажа на Клоп, по што Германецот ептен се изнервира и тргна кон него.

Дајх не остана должен и повторно му одговори на провокациите, а тоа го изнервира дополнително Клоп, кој тргна кон тунелот да се пресмета со тренерот.