Мурињо му коментираше на Џака и предизвика големи реакции!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гранит Џака го пропушти пријателскиот меч меѓу Швајцарија и Грција затоа што беше позитивен на ковид-19, а поради тоа Жозе Мурињо му коментираше на фотографија на Инстаграм и го повика да се вакцинира.

Мурињо испрати совет на фудбалерот на Арсенал откако се појавија информации дека Џака не се вакцинирал.

Џака во текот на летото беше една од главните желби на Мурињо, кој сакаше да го донесе во Рома, но не му успеа планот.

Швајцарскиот репрезентативец објави фотографија и сакаше да го прослави повикот во репрезентацијата, но на крајот дозна дека нема да игра.

„Гранит, вакцинирај се и биди сигурен“, напиша Мурињо, а неговиот коментар предизвика реакции, па многумина порачаа дека тоа е лично право на фудбалерот.